Планинарски дом ,,Конак“ - Попова Шапка
Планинарскиот дом ,,Конак“ се наоѓа на Скијачкиот центар Попова Шапка во склоп на манстирскиот комплекс Св. Наум Охридски – Чудотворец. До Хотелот Попова Шапка се стигнува по 20 километарски асвалтен пат од Тетово, а од тука по 300 метри макадам-пат прооден за лесни возила во летниот период може да се стигне. Домот работи постојано во текот на целата скијачка сезона, додека во летниот период е отворен за време на викендите, а во работните денови работи со претходна најава.
Планинарскиот дом располага со 14 легла групирани во три четирикреветни соби и една двокреветна соба. Четирите соби делат заедничка кујна каде може да се приготвува храна и каде има заедничко wc со туш. Загревањето на собите е со електрични грелалки. Во склоп на домот функционира и ски-кафе со капацитет од 50 места, кое е погодно за организирање на секаков вид на забави.
Домот нуди можност за сместување на помали групи планинари или скијачи, бидејќи се наоѓа на самите скијачки терени на Попова Шапка.

Цената за едно ноќевање вo Планинарскиот дом Конак е 300 денари
Контакт:
Планинарски дом ,,Конак ‘‘ – Попова Шапка
Ивица Наумовски тел. 076 / 431 – 655
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Планинарски Дом




